Реставрирано најстарото Евангелие во Бигорскиот манастир
Во македонското древно светлиште, манастирот „Свети Јован Кртител“, познат како Бигорски манастир, заврши реставрацијата на најстарото Евангелие од книгохранителницата на Бигорската обител.
- Според натписот на почетокот, Евангелието е печатено во градот Москва, во 1703 година. Во текот на деветнаесеттиот век, поточно во периодот меѓу 1837 и 1857 година, како што е докажано од испитувањето на користената хартија, е извршена реставрација која значително го променила неговиот изглед. За жал, неповолните услови во кои се чувала оваа старопечатена книга придонеле за нејзино скоро уништување, велат од Бигорската обител.
По иницијатива на Игуменот на Свештената Обител, Архимандрит Партениј, а со донација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, извршена е целосна реставрација на оваа книга, со што и се вратил нејзиниот поранешен сјај.
Овој значаен зафат го извршил професорот по реставрација на книги и ракописи од Вишата црковна академија во Солун, Николаос Манѕурис, познат по неговата работа во библиотеките на светогорските манастири, Ватопед, Дохијар, Ксиропотам,...
- Грбот беше зацврстен, хартијата исчистена од прашина и восок, сите искинати и нагризани делови од хартијата и дрвото беа надополнети, се стави нова прекривка од кадифе, а металните украсни делови беа поправени и повторно позлатени. Сите интервенции - лепење, шиење,... се извршија на истиот начин кој се користел во времето на создавање на книгата, односно на нејзиното прво реставрирање, а за надополнување се користеше рачно изработена јапонска хартија со тежина како оригиналната, нагласуваат од Бигорската обител.
Според неа, овој проект е дел од многуте потребни мерки кои треба да се спроведат за прописно функционирање на бигорската книгохранителница, за да ги отвори вратите за сите заинтересирани истражувачи.
Пред неколку години во два наврата беше извршена реставрација на старопечатени книги и ракописи.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци