Македонија
11. July 2015 - 16:56

Решен проблемот на кајчарите во Охридското Езеро

Со измените и дополнувањата на законот за туристичка дејност кој беше усвоен од Собранието на Македонија а предложен од страна на охридските пратеници Александар Николоски и Сашо Василески се реши проблемот со кајчарите.

Со законското решение чамците кои имаат максимум 12 патници и сила на моторот од 20 којнски сили не треба да регистрираат фирма или пак да работат како такси компаниите туку ќе можат слободно да превезуваат патници по Охридското езеро.

Од капетанијата велат дека кајчарите ги исполнуваат сите обврски ,технички се исправни и ја имаат потребаната опрема за пловење.

Кајчарите ќе треба да се пријавуват во соодветната општина од каде што доаѓаат да добијат лиценца и ќе можат слободно да вршат превоз на патници.