-->
-->
Република Српска го усвои законот со кој навредата ќе се квалификува како кривично дело
-->
Народното собрание на Република Српска денеска го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Република Српска, со кој, меѓу другото, клеветата и навредата се квалификуваат како кривични дела.
Со измените на законот се воведе и ново кривично дело – неовластено објавување и прикажување на туѓи документи, портрети и снимки.
Предлог-законот го поддржаа 49 пратеници, а против беа 21. Никој не беше воздржан, пренесува агенцијата Срна.
За време на собраниската расправа, пратениците од опозицијата тврдеа дека криминализацијата на клеветата и навредата ќе ги загрози демократскиот амбиент и слободата на говорот во Република Српска.
Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, тврдеа дека целта на законот е сузбивање на лагите во јавниот простор. ј
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер