Македонија
21. July 2015 - 16:19

Република: Скандал - Жерновски ставил хаусмајстор за главен инспектор

Од хаус мајстор директно станал раководител на инспекциските служби во општина Центар. Со потпис на решението кое го објави Република, градоначалникот Жерновски се вплете во нов мега скандал.

На ден пред Нова Година, Жерновски си обезбеди место во историјата како прв градоначалник кој му овозможил на општинскиот хаус мајстор Кочо Стојчевски да биде унапреден за 10 скалила и да стане прв човек на инспекциските служби иако за тоа според законот потребно е најмалку седми степен високо образование и 5 години работно искуство од кое 2 години во државна служба.

Република пишува дека ваквото скандалозно решение на Жерновски е сосема спротивно со препораките на Еврпоската Унија за деполитизација на администрацијата. Според Република, на СДСМ и Жерновски им требаат хаус мајстори за да ги вршат за нив валканите работи од позиција на инспектори.

Токму таква валкана работа според Република е хајката на Жерновски против покривната тераса на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Порталот пишува дека непрофесионалната инспекција предводена од  хаус мајсторот веднаш тргнала да руши со цел да привлече внимание и да заработи ситни партиски поени во корист на опозицијата.

Жерновски иако знаеше дека ВМРО-ДПМНЕ се уште се нема вселено во новата зграда обвини дека таа се користи без употребна дозвола

Со реакција излегоа од Град Скопје од каде му порача на Жерновски и неговата инспекција добро да ги проучат законите.