Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид на тетовско училиште

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на албанската репрезентација, добил мурал со неговиот лик во Тетово. Муралот се на ѕидот на спортската сала во средното училиште „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово. Таткото на Бајрами по потекло е од Тетово, а мајка му е од Гостивар.
Овој гест, како што велат од општина Тетово, доаѓа како почит кон неговиот историски настап на ЕУРО 2024, каде што Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на европските првенства, против Италија по само 23 секунди.
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, во емотивна објава порача:
„Недим Бајрами, синот на Тетово и гордост на Албанците, денес го зазеде своето заслужено место во срцето на својот град. Мурал со срце, црвено-црно срце!“.
Бајрами моментално настапува за шкотски Глазгов Ренџерс.

Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
