Репортери без граници: ЕК да заземе цврст став кон Полска
Репортери без граници (РСФ) ја повикаа Европската комисија да заземе цврст став кон Полска доколку не се откаже од неодамна усвоениот закон за медиуми.
- Апелираме на ЕУ да биде строга. Почитувањето на слободата и плурализмот на медиумите се меѓу барањата за пристапување во Унијата. ЕУ не може да бара од државите кандидати она што не го бара од своите членки. Во прашање е нејзиниот кредибилитет, се наведува во соопштението на РСФ.
Доколку полската Влада, која ја предводи конзервативната и националистичка партија Право и правда, одбие да попушти, Комисијата може да покрене процедура предвидена за „закана за основните европски вредности“, додава групата во соопштение со потсетување дека тој механизам, кој не е користен од воспоставувањето во 2014, може да доведе и до тоа на Полска да и се одземе правото на глас во Европскиот совет.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај