Реновирана детската градинка во Миравци

Во гевгелиското населено место Миравци, денеска беше пуштен во употреба реновираниот дел од детската градинка кој со финансиска помош од Одделението за меѓународен развој на Обединетото Кралство го реализираа УНХЦР и Данскиот совет за бегалци во рамки на проектот за подршка на локалните заедници кои им подадоа рака на бегалците во текот на последните неколку години.
Претставникот на УНХЦР, Саша Валаџија истакна дека им било задоволство да направат нешто за локалната заедница која до сега толку многу направила за да им помогне на лицата кои бегаат од војната во Сирија, Авганистан, Ирак и од други земји каде не се чувствуваат безбедни.
- Со овој гест се потврдува дека хуманоста се враќа со хуманост или како што вели една поговорка што ја научив од колегите тука, а мене особено ми се допаѓа-раката што дава не се суши, нагласи Валаџија и им посака на локалните жители постојано да имаат и да даваат.
Реновираниот дел од градинката во Миравци е првиот од десетте проекти што се пушти во употреба. Вториот проект што беше претставен денеска е новото спортско игралиште во училиштето во гевгелиското село Богородица, а третиот завршен проект е заштитната ограда на училиштето во кое учат деца од Лојане и Ваксинце. Трите проекти заедно чинат 1,5 милиони денари.
Ново на Сител
-

Трамп за новиот ирански лидер: Ќе видиме што ќе се случи
-

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел
-

Променливо облачно време, наместа со локален дожд
-

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните, до крајот на неделава сите што побарале евакуација треба да бидат во државава
-

Состанок на Г7 за ситуацијата на Блискиот Исток
-

Арагчи: Иранскиот народ, а не Доналд Трамп, ќе го избере новиот врховен лидер на Иран
-

Трамп: Новиот ирански лидер мора да добие одобрение од САД инаку „нема да трае долго“
-

Турција испраќа шест борбени авиони Ф-16 на турскиот дел од Кипар
