-->
-->
Ренци ја напушти Демократската партија
-->

Некогашниот италијански премиер Матео Ренци денеска ја напушти владејачката Демократска партија за да формира нова центристичка партија.
Ренци заминувањето го објави на Фејсбук и Твитер откако во интервју за весникот „Република“ го појасни ненадејниот потег.
– Одлучив да ја напуштам Демократската партија и и да изградам нов дом за поинакво водење политика, напиша Ренци.
Политичките аналитичари велат дека некогашниот премиер неодамна се врати во центарот на италијанската политика, користејќи го парламентарно влијание за да изврши притисок врз коалицискиот договор меѓу демократите и нивните поранешни архи-ривали во М5С, во последен обид за да се избегнат предвремените избори и одреден триумф на десничарската Лига на Матео Салвини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
