Македонија
11. September 2015 - 16:58

Рекордно најнизок бројот на невработени во земјава

Невработеноста на историски најниско ниво – 26,8%

Невработеноста падна на историски најниско ниво,  под 27%. Според држвниот завод за статистика,  стапката на невработеност во земјава во вториот квартал од оваа година изнесува 26,8%. 

Во второто тромесечие бројот на невработени се намалил за над 5544 лица споредено со периодот јануари март.  Во однос на истиот период лани пак, бројката  на невработени се намали за 13.729 лица.

Намалувањето на невработеноста во последните неколку години се должи на повеќе фактори.  

Преку активните мерки за вработување Владата ги стимулира невработени да почнуваат сопствен бизнис, а рабодавачите добиваат поволни кредити за нови вработувања. 

Преку Македонија вработува владата ги плаќа придонесите за нововработените во пеирод од три до пет години. Овој проект за четири месеци обезбеди над 5000 вработувања.

Кампањата за привлекување инвестиции исто така влијае на намалувањето на невработеноста. Расте бројот на вработени во новите фабрики во зоните, но и во компаниите на странските инветситори кои работат надвор од зоните. Лани земјава беше прогласена за лидер во европа по бројот на новоотворени работни места од странски инвеститори. Растот според извештајот на реномираниот Ernst & Young, изнесуваше 223% споредено со 2013 година.

Очекувањата на ММФ пак, се дека во наредните две три години странските инвестиции во земјава ќе отворат околу 30.000 нови работни места.

Државата создава услови за инвестирање и за домашните компании во општинските индустриски зони.

Ова е прв пат по две и пол децении стапката на невработеност во државата да падне под 27%. Највисока невработеност била измерена во 2005, рекордни 38% од неселението тогаш биле навреботени.