Рекордни 3.650 мигранти пристигнаа синоќа со воз од Будимпешта во Виена
Вкупно 3.650 мигранти пристигнаа вчера со воз од Будимпешта во Виена, што е рекордна бројка за еден ден, соопшти австриската полиција.
- Сега сме во процес на проверка, колку од нив бараат азил, изјави полициски портпарол Патрик Мајерхофер.
Претходно вчера унгарските власти дозволија на мигранти да заминат со воз за Австрија и Германија. Голем дел од пристигнатите во Виена мигранти ноќта ја минаа на железничка станица, со цел да продолжат за Германија, која минатата недела ги олесни условите за добивање на бегалски статус за жители на Сирија.
Синоќа околу 400 мигранти пристигнаа со воз од Будимпешта во Минхен.
Германската канцеларка Ангела Меркел, претходно предупреди, дека евентуалниот неуспех да се одговори на мигрантската криза ќе ги стави под прашање идеалите на ЕУ.
Ново на Сител
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод
-
Групна тепачка во угостителски објект во Куманово, приведени пет лица
-
„Ватсап“ вели дека Русија се обидува да ја блокира апликацијата