Бизнис
29. December 2015 - 9:30

Рекорден дефицит во буџетот на Бразил

Дефицитот во федералниот буџет во Бразил во ноември е 21,3 милијарди реали (околу 5,53 милијарди долари), објави телевизијата Глобу.

Тоа е највисок дефицит во историјата на државата откако се води таква статистика – од почетокто на 1997 година.

Вкупниот дефицит на бразилскиот федерален буџет од почетокот на годината е 54,3 милијарди реали (14.1 милијарди долари). Тоа е трипати повеќе во споредба со лани кога дефицитот беше 18,3 милијарди реали.

Според податоци на бразилски медиуми, од јануари до ноември приходите во федералниот буџет се намалени за 6,8 отсто, а расходите за само 3,4 отсто.