-->
-->
Рекорден број смртни случаи од предозирање со дрога во САД
-->
Смртноста од предозирање со дрога во Соединетите Американски Држави се зголемила за 29,6 проценти од март 2020 година до истиот месец оваа година, покажува извештајот на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).Во извештајот се наведува дека 96.777 луѓе починале за 12 месеци како последица од предозирање со дрога, што е нов рекорд во САД.
Најголем пораст на смртноста од предозирање за една година е забележан во државата Вермонт, околу 85 проценти.
Смртните случаи од предозирање главно се предизвикани од употреба на опиоиди и синтетички опиоиди, а најниската смртност е забележана кај корисници на метадон.
ЦДЦ објави дека повеќе од 93.000 луѓе починале во текот на 2020 година поради предозирање со дрога.
Се смета дека околу 31,9 милиони луѓе постари од 12 години во САД (11,7 проценти) користат некој вид недозволена дрога.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ
-

При претрес на возило пронајдена дрога, приведени три лица
-

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај
-

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
-

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026
-

Најмногу дожд во Претор
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
