Рекорден број проруски партии ќе учествуваат на изборите во Србија
На претстојните парламентарни избори во Србија на 24 април ќе учествуваат рекорден број проруски партии, приврзаници на Владимир Путин, пишува весникот „Блиц“.
Според весникот, досегашниот Парламент ќе биде запомнет како прв во кој влегоа само проевропски ориентирани партии, но судејќи според рејтингот и бројот на регистрираните избирачки листи, оваа година во законодавниот дом можат да се вратат и проруските партии.
Освен Српската радикална партија (СРС) и коалицијата Двери-Демократската партија на Србија (ДСС), во трката за пратенички мандати учествуваат и движењето „Заветници“, Српската народна партија (СНП) на Ненад Поповиќ, која е вклучена во листата на владејачката Српска напредна партија (СНС), како и Српско-руското движење.
Доколу успее да ги отстрани нерегуларностите во документите, на изборите ќе учествува и Единствената руска партија. Со тоа бројот на партиите, кои пропагираат проруска ориентираност и имаат блиски политички односи со официјална Москва, ќе достигне седум.
Претседателот на Комисијата за внатрешна политика при рускиот Парламент и функционер во партијата Единствена Русија на Путин, Константин Косачов неодамна изјави дека неговата партија ги поддржува СПС и СНС, додавајќи дека Москва не се меша во изборната кампања, но руските партии соработуваат со српските.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати