Реконструкција на улици во старото градско јадро во Струга

Општина Струга почна со реконструкција на улиците „27 Март”, „Браќа Миладиновци“ и „Нико Нестор” во старото градско јадро.
Според предвиденото, општинската прес-служба информира дека најпрво ќе биде отстранета камената површина, ќе се постави нова водоводна инсталација, но и подземни кабли за електрична енергија и телекомуникациски услуги.
Површините ќе се изведуваат со камен и истовремено ќе се изврши замена на азбесните цевки на водоводот. Ќе се постави бетонска подлога и ќе се поплочи со камени блокови, карактеристични за старото градско јадро, информира Општина Струга.
Со реконструкцијата, додаваат, ќе се подобрат условите за сообраќај и движење на пешаците во овој дел од градот.
Реконструкцијата е дел од проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а го реализира во соработка со Општина Струга.
Ново на Сител
-

Членовите на УПОЗ ќе одлучат дали понудата на Владата е прифатлива
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Советот на јавни обвинители ги чека предлозите од Владата
-

Филипче: Да се зголеми минималната плата
-

Ѓорѓиевски: Скопје застанува на нозе
-

Кадровско зајакнување во КБ-ШТИП, со 60 нови вработувања
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
