Реконструкција на паркинг просторот до Тутунски комбинат
Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ изминатиов период работеа на реконструкција на паркинг просторот на аголот на улицата „11 Октомври“, до Тутунски комбинат.
Како што соопшти Град Скопје, на паркиралиштето е изгребан горниот асфалтен слој и е нанесен нов асфалт од типот АБ-11. При реконструкцијата на просторот нивелирани се шахтите и сливниците, а во наредниот период ќе се изврши бележење на паркинг местата. По завршувањето на бележењето на паркинг местата, ЈП „Градски паркинг“, на паркингот ќе постави куќичка за наплата и автоматска рампа.
Ова паркиралиште е со површина од 3 283 квадратни метри и ќе има 134 паркинг места, од кои две се наменети за лица со посебни потреби.
За реконструкцијата на овој паркинг простор се потрошени околу 4 милиони денари.
Ново на Сител
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ