Реконструирани домовите на култура во Ајватовци и Бунарџик

Во населените места Ајватовци и Бунарџик во општина Илинден денеска беа отворени реконструирани домови на култура, кои во употреба ги пуштија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Илинден Жика Стојановски.
Имаат површина од 120 и 103 метри квадратни и за нивната реконструкција се вложени вкупно 2,1 милион денари од буџетот на општина Илинден. Тие се дел од проектот за изградба, реконструкција, санација и опремување на десет домови на културата во оваа општина. Во неа е и најголемиот, новоизградениот и комплетно опремен дом „Илинден“, кој со разновидната културна програма во изминатиот период прерасна во центар на сите културни случувања во општина Илинден.
- Целта на пуштањето во функција на реконструираните домови е да се овозможат подобри услови за одвивање културни настани, општествени активности и граѓанско учество. Домовите на култура во Ајватовци и Бунарџик воедно се и зони каде има целосно бесплатен и неограничен пристап до безжичен интернет, што ќе овозможи и подобра комуникација на граѓаните со општинската администрација, изјави градоначалникот Стојановски.
Министерката за култура истакна дека се работи за капитален проект во збогатувањето на културното живеење на жителите и очекува домовите да бидат, како што рече, одлични катчиња за најразлични манифестации, здружувања и активности.
- Тие се и одлични места за пензионерите, за нивно дружење и за најразлични други друштвени игри кои ќе дадат подобар културен живот, подигнување на свеста што значи културата и уметноста. Од десет домови, девет се веќе ставени во функција. Општината и градоначаликот планираат да реновираат и други кои се надвор од овој проект и да изградат нови. Ова е навистина фундаментално важно за граѓаните, особено за младите генерации, зашто верувам дека овде има огромен број таленти во уметноста, рече Канческа-Милевска, додавајќи дека меѓу главните приоритети на Министерството е поддршка на локалниот културен развој и дисперзија на културата.
Досега комплетно се реконструирани и опремени и домовите на културата во Кадино, Мршевци, Бучинци, Бујковци, Текија и Дељадровци. Претстои реконструкција и на Домот на културата во Мралино, а во фаза на проектирање е и изградба на нови домови на културата во населените места Марино и Миладиновци.
Ново на Сител
-

Битолчанец не се отрезнил два дена, го фатиле со 3,23 промили па за 30 часа со 3,50 промили алкохол во крвта
-

Муцунски ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето и заради сопствената безбедност
-

Серафимовски: Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот на македонското вино
-

Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит
-

Англија ја заострува забраната за мобилни телефони во училиштата – нема да смеат да стојат ниту во ранците
-

За клиентите на „АЛТА банка“ од денес достапни електронското и мобилното банкарство
-

Кривична за 28-годишник од Такиџистан, доставил исправа со невистинита содржина со цел да го продолжи престојот
