Реката Вардар утрово повторно загадена и со црвеникава боја на водата

Реката Вардар низводно од скопската населба Долно Лисиче утрово повторно е загадена и со црвеникава боја на водата.
Водата е со истата боја како во септември минатата година, кога Арцелор Митал соопшти дека дошло до пукање на системот, по што се излеала комбинација на железо и киселина.
– Во координација со Државниот инспекторат за животна средина испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна, велат од Инспекторатот на Град Скопје.
Освен загаденоста на водата на околу мостот кој ги спојува Долно Лисиче и Јурумлери со години стои смет од каде што се шири неподнослива смрдеа.
За овој еколошки инцидент има повеќе реакции од граѓани на социјалните мрежи, а посебно се загрижени спортските риболовци.
Ново на Сител
-

Во Струмица нов протест за почист воздух
-

Стручна конференција: Кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
-

Јаневска: Со новиот закон нема да се мешаме во автономијата на универзитетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците им го блокираат патот на пратениците до Собранието
-

Владата со одлука - да се проверат на сите фирми кои имаат лиценци за производство на канабис
-

Филипче: Акцијата на власата е дефокус од прашањето како 5 тони дрога поминале низ граница
-

Стручна конференција: Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров
