Рехабилитација на локалниот пат на улица „10“ во Кадино

Општина Илинден во рамки на Проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура врши комплетна рехабилитација на локалниот пат на улица „10“ во местото Кадино, во вкупна должина од 1.100 метри.
Покрај новиот асфалт се врши и изградба на атмосферска канализација за прифаќање и одведување на атмосферските води, профилирани се отворените одводни канали покрај локалниот пат, како и се поставуваат цевкасти пропусти.
Покрај градежните активности се поставува и хоризонтална сообраќајна сигнализација.
Вкупната вредност на овој проект е 11 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.
- Рехабилитацијата на локалниот пат е од големо значење за локалното население, зашто покрај тоа што се олеснува комуникацијата, значително се подобрува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истовремено, зафаќањето на атмосферските води е уште една од придобивките за поздрава животна средина, но и спречување на оштетувањето на коловозот и тротоарите, наведува Општина Илинден.
Како еден од приоритетите во насока на рамномерниот развој и подобрувањето на квалитетот на живеење во сите населени места, Општина Илинден продолжува со инвестирањето во локалната патна инфраструктура реализирајќи ја програмата за подобрување на локалната патна инфраструктура-изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалните улици и патишта и програмата за подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и во локалните економски зони.
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој не сака нов Изборен законик
-

Утре во Собрание владината реконструкција
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
