-->
-->
Регулатори од Западен Балкан ќе дебатираат во Франкфурт за осигурувањето
-->

Осигурителен супервизорски форум на високи претставници помеѓу Еврoпската Комисија, Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA) и регулаторните тела за осигурување од земјите на Западен Балкан првпат ќе се одржи денеска во Франкфурт, Германија.
-Организацијата на Форумот е резултат на иницијативата на Агенцијата за супервизија на осигурување и последица од работната средба во февруари оваа година помеѓу претседателот на Советот на експерти на АСО, Климе Попоски и високи претставници од кабинетот на Комисионерот Јоханес Хан, наведуваат од АСО.
Целта на иницијативата, како што велат од Агенцијата, претставува предизвиците во имплементацијата на европските осигурителни директиви во националните законодавства на земјите од Западен Балкан, зајакнување на дијалогот помеѓу регулаторните тела од регионот и Европското регулаторно тело за осигурување и пензии, како и јакнење на супервизорските капацитети и практики за поголема стабилност на осигурителниот сектор.
Во рамките на Форумот покрај претставувањето на актуелните предизвици од областа на регулативата и супервизијата во осигурувањето од страна на претставниците од земјите од Западен Балкан, претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Попоски ќе има излагање во име на земјите на Западен Балкан на тема „Економски развој и преглед на осигурителната индустрија во регионот на Западан Балкан“.
-Нашиот осигурителен пазар во последните 10 години бележи највисоки стапки на просечен годишен раст од продажба на полиси за осигурување споредено со просекот на земјите од Европска Унија и посебно споредено со земјите од централна и источна Европа. Просечниот годишен раст на премиите во неживотно осигурување за перидот 2009-2018 година изнесува 39,9 отсто, додека во осигурувањето на живот за истиот период 500 отсто, истакнува Попоски.
Тој додава дека просечниот 10-годишен раст во ЕУ регионот изнесува за неживот 0,6 отсто, додека во сегментот на осигурување живот има намалување од 0,2 отсто.
Оценува дека со подигнување на свесноста кај граѓаните за потребата од осигурување, како и паралелно со процесот на подобрување на животниот стандард перспективите за развој на осигурувањето ќе бидат уште поголеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Активни седум пожари - гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, стрништа
-
Приведен возач од тетовско, возел под дејство на алкохол и учествувал во сообраќајна незгода
-
Николоски: До 2029 година ќе имаме комплетен автопат и експресен пат од граница до граница на Коридор 8
-
Кривична против директорка на Специјализираната болница Отешево поради злоупотреба на службена положба
-
Вардар ја победи фаворизираната Лозана
-
Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка
-
САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес