Регистрирани над 100 последователни потреси по силниот земјотрес на грчкиот остров Евија

– По земјотресот од 4,9 степени во централниот дел на грчкиот остров Евија состанок ќе одржи специјалната научна комисија за проценка на сеизмичка опасност и намалување на сеизмичкиот ризик, со цел да се испита сеизмичката активност во конкретната област, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас соопшти дека откако стапил во контакт со министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилианидис, ја свикал надлежната научна комисија „со цел да се испита сеизмичката активност во областа Псахна – Халкида и да се покренат следните активности“.
Епицентарот на земјотресот беше токму во овие делови на островот Евија и не е поврзан со оној од 5 степени регистриран на 29 ноември во морскиот дел источно од Евија.
Според грчките сеизмолози, станува збор за познат расед, што може да предизвика и поголем земјотрес.
Денешниот земјотрес со јачина од 4,9 степени беше регистриран кусо пред 14.30 часот по локално време, епицентарот беше на Евија, на околу 65 километри од Атина, а освен на островот, беше почувствуван и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека не се пријавени ниту материјални штети, ниту добиле повици за помош на граѓани.
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
