Регионалната Кнауф Академија за првпат се одржа во Македонија

Традиционалната Кнауф Академија која има регионален карактер, годинава за прв пат се одржа во Македонија. Струга беше домаќин на околу двестотини архитекти, инженери и изведувачи во градежништвото од регионот, кои низ интерактивни работилници се информираа за најновите трендови, новитети, техники и производи кои излегуваат од гигантот во оваа индустрија – германскиот Кнауф.
Годинешниот традиционален собир на професионалци од оваа сфера, го посетија и соработници и партнери на Кнауф од земјите во регионот, како од Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцегоцина, Црна Гора, Косово, како и домаќините од Македонија.

“Ние во Кнауф се гордееме со иновациски и развојно насоченото производството, затоа и многу внимание посветуваме на едукацијата на соработниците, која е неопходна од аспект на современ пристап кон работата и за запознавање на новите производи, системи, алати и техники во работењето. На овој начин, архитектите, проектантите, трговците, изведувачите, партнерите, имаат можност и практично да се запознаат со новините од Кнауф”, изјави регионалниот директор на Кнауф во Југоисточна Европа, Тодор Деловски.

Регионалната Кнауф Академија е практичен придонес на Кнауф и членките на Групацијата, Knauf Insulation и AMF, за постојана едукација и информирање за најновите достигнувања во современото градежништво. Основната идеја на Кнауф Академијата е континуирано да се иницираат теми и да се нудат конкретни решенија, чија цел е зголемување на квалитетот на градењето, а со тоа и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
