Регионална конференција за состојбите во јавните набавки
Регинална конференција за состојбите во јавните набавки: Антикорупциски механизми и улогата на засегнатите страни ќе се одржи денеска во Скопје во организација на „Балкан тендер воч“, коалиција на граѓански организации од државите на Западен Балкан.
Целта на конференцијата е да обезбеди сеопфатни и актуелни информации за состојбите во јавните набавки во контекст на европските интеграции. Конференцијата е замислена како платформа на која учесниците ќе ги изразат своите мислења, искуства, грижи и добри практики и ќе поттикнат нови идеи за поефективна улога на различните чинители во борбата против корупцијата во јавните набавки.
Конференцијата ќе ги собере на едно место сите релевантни чинители од државните институции, приватниот сектор, медиумите и граѓанските организации од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.
Конференцијата е дел од проектот финансиран од ЕУ чија цел е зголемување на влијанието на граѓанските организации од Западниот Балкан врз антикорупциските политики и практики во јавните набавки преку искористување на процесот на европските интеграции како трансформативна агенда.
Ново на Сител
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада