-->
-->
Референт од Педагошки факултет снабдувал со дипломи кумановски полицајци
-->

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ф.(50) од Куманово пензиониран полициски службеник поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела продолжено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување“, „поттикнување“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и З.К.(50) од Скопје референт за студентски прашања на универзитетот „Свети Климент Охридски“ поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ и продолжено кривично дело „фалсификување исправа“. А.Ф. вработен во МВР на РМ како раководител на смена во ПС Белановце, во текот на 2005 година стапил во контакт со З.К., кој го поттикнал да го запише на Педагошкиот
факултет во Скопје и да му обезбеди уверение за завршен факултет. Второпријавениот злоупотребувајќи ја службената положба во документацијата на Педагошкиот факултет и тоа во матичната книга на запишани студенти и во главната книга на дипломирани студенти незаконски оформил предмет со што му овозможил да се стекне со уверение. Со ова, на А.Ф. на 03.05.2007 година му изготвил фалсификувано уверение за завршен VII-1 степен со што се здобил со стручен назив - дипломиран професор по одделенска настава. По ова, А.Ф. ваквото уверение го употребил во правниот сообраќај како вистинито, заверувајќи го прво кај нотар во Куманово како валиден документ, а потоа го употребил во Сектор за заеднички работи во РЦ за ГР Север со кое бил регистриран како високообразован полициски службеник.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.И.(45) од Куманово поранешен полициски службеник поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „поттикнување“ и З.К.(50) од Скопје референт за студентски прашања на универзитетот „Свети Климент Охридски“ поради постоење основи на сомнение за сторени
кривични дела продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ и продолжено кривично дело „фалсификување исправа“. Ф.И. вработен во МВР на РМ како полициски службеник во ПС Градиште до 2009 година кога со решение му е откажан договорот за вработување, во 2003 година стапил во контакт со З.К., кој го поттикнал да го упише на Педагошкиот факултет во Скопје и да му обезбеди уверение за завршен факултет. Второпријавениот злоупотребувајќи ја службената положба во документацијата на Педагошкиот факултет и тоа во матичната книга на запишани студенти и во главната книга на дипломирани
студенти незаконски оформил предмет со што му овозможил да се стекне со уверение. Со ова, на Ф.И. на 04.05.2007 година му изготвил фалсификувано уверение за завршен VII-1 степен со што се здобил со стручен назив - дипломиран професор по одделенска настава. По ова, Ф.И. ваквото уверение го употребил во правниот сообраќај како вистинито, заверувајќи го прво кај нотар во Куманово како валиден документ, а потоа го употребил во Одделение за заеднички работи при СВР Куманово со кое бил регистриран како високообразован полициски службеник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
