Рецитал на контратенорот Луиџи Скифано во МОБ

Еден од водечките контратенори од Италија, Луиџи Скифано, вечер во 20 часот ќе одржи рецитал во фоајето на Македонската опера и балет.
Тој пред македонската публика ќе се претстави со дела од Парсел, Бах и Хендл.
Како што информираат од МОБ, обдарен со темен и топол тембр и интензивен волумен, Скифано на 21-годишна возраст ја открива способноста на својот глас да пее како контраалт односно, контратенор и започнува да се школува со Силвија Боса во Фиренца. Се усовршува со Рената Ското во оперското студио на Националната Академија „Санта Чечилија“ во Рим, со Сара Мингардо во Центарот за античка музика „Пиета деи Туркини“ од Неапол и со Соња Прина.
Контретенорот е редок и специфичен глас. Се одликува со висини несвојствени за машките гласови. Интерпретираат репертоар од ренесансни, барокни и класични автори, односно автори кои пишувале дела во кои настапуваат високи машки гласови.
Италијанскиот контратенор ќе настапи во пијано придружба на Дино Имери, а режијата е на Дејан Прошев.
Ново на Сител
-

ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80%
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра – ќе има отпуштања и клуч на врата
-

ЕБОР го откочи процесот за БРТ: Колку нови автобуси ќе има за скопјани?
-

Одбележани 154 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев
-

Преглед на вестите од светот
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
