Речиси 27.000 домаќинства во Одеса останаа без струја по руски напад

Речиси 27.000 домаќинства во јужниот регион Одеса во Украина се без електрична енергија по синоќешниот руски воздушен напад врз енергетски објект, соопшти денеска енергетската компанија ДТЕК.
Нападот ја оштетил и транспортната инфраструктура, напиша воениот гувернер на црноморскиот регион, Олег Кипер, на Телеграм.
Украинското Министерство за енергетика пријави нови руски напади врз енергетските системи во регионите Одеса, Дњепропетровск и Доњецк, пренесе ДПА.
Со оглед на тоа што електричната мрежа е веќе ослабена од претходните напади, некои области се соочуваат со повеќечасовни прекини на електричната енергија, што влијае и на индустријата и на приватните домаќинства.
Властите соопштија дека едно лице е убиено во синоќешните напади.
Украинското воено воздухопловство соопшти дека руската војска лансирала 126 дронови, од кои 93 биле соборени.
МИА
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
