ОН: Речиси 20.000 цивили се заробени во Стариот град во Мосул

Речиси 20.000 цивили се заробени во делови на Стариот град на Мосул, последното упориште на екстремистичката група Исламска држава, што ирачките сили се обидуваат да го стават по своја контрола, изјави денеска координаторката за човекови правата на ОН во Ирак. Лис Гранде.
- Нашата проценка е дека во делови на Страриот град се наоѓаат околу 15.000, па дури и 20.000 цивили, наведе Гранде.
Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади им честиташе на ирачките борци за „големата победа во Мосул“, иако борбата продолжи во Стариот град, каде ирачката војска на околу 250 метри од реката Тигар се соочува со се пожесток отпор.
Ал-Абади честитките до војската ги упати за време на прес-конференцијата во Багдад, по помалку од една недела откако прогласи крај на самопрогласениот „Исламски калифат“ на ИД, кога ирачките сили ја преземаа значајната џамија Ал-Нури во Стариот град на Мосул.
Ирачкиот премиер ја даде оваа изјава по повод тригодишнината од обраќањето на лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади во џамијата Ал-Нури, каде го прогласи „Исламскиот Калифат“.
Ново на Сител
-

Документи од државен пазарен инспекторат докази во судењето за „Пулс“
-

И странските државјани ќе бидат санкционирани за прекршоците во сообраќајот
-

Лукровски повторно на работа, ги демантира шпекулациите за оставка
-

Воениот врв на НАТО, од Скопје најави оптимизација на мисијата на КФОР
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов обид за деблокада на изборниот законик во Собранието
-

Имињата на новите министри до крајот на неделата ќе бидат поднесени во Собрание
-

Од 1 окотмври секој сам пред матичен ќе дава согласност за донирање на органи
