Бизнис
11. May 2020 - 14:15

Ребалансот на буџетот е во финална фаза

Пари за планираните капитални проекти ќе има. Министерот за транспорт Сугарески уверува дека со ребалансот на буџетот нема да се чепка во парите намнети за изгардба на патишта, тие пари се обезбедени и проектите течат.

Ревидирањето на државната каса е во последна фаза. Засега е извесно е дека ќе се кратат дел од трошоците кои не се приоритетни. Советникот на премиерот Спасовски за економски прашања, Фатмир Битиќи во изјава за Сител во петокот рече дека расходната страна остава простор за кратење.

Дали ќе се чепне во платите на администрацијата, засега останува неизвесно. Личен став на министерката за финансии е дека платите во јавниот сектор треба се намалат од две причини, прво товарот од економската криза да го понесат сите и работниците од прватниот и од државниот сектор. И второ, административците во претходниот период главно работеа од дома. Владата се уште се нема произвесено по ова прашање. 

Дупката во буџетот годинава заради корона кризата ќе биде три пати поголема од претходно планираното, ќе се полни главно со задолжување заради што долгот ќе стигне до околу 60% од БДП.