Реализација на инфраструктурни проекти во Зрновци

Во општина Зрновци продолжува реализацијата на инфраструктурните проекти. Веќе се асфалтирани улиците „Генерал Апостолски“ и „Скопска“ во должина од 400 метри и широчина од 3,5 метри.
- Се работи за проект финансиран од европските фондови преку ИПА програмата за рурални средини и е во вредност од 2,5 милиони денари кои се имплементирани преку МСИП канцеларијата на Министерството за финснсии, изјави градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков.
Тој најави и изградба на мостот на реката Брегалница за што ќе биде инвестирани 800 илјади долари обезбедени од европските фондови преку УНДП.
- Градежните работи ги изведува компанијата „Гранит“ од Скопје, а вкупната вредност изнесува 800 илјади долари, средства обезбедени од европските фондови преку УНДП. Партнери во реализирањето на овој проект се и министерствата за транспорт и врски, за земјоделство, за животна средина и просторно планирање и општина Зрновци, посочи Станков.
Покрај ова, со средства од 240 илјади евра обезбедени од европските фодови преку МСИП канцеларијата на Министерството за финансии, во Зрновци се гради детска градинка со капацитет од 80 деца.
Општината обезбеди и средства во висина од 12 милиони денари од европските фоднови за регулација на коритото на Зрновска река, втора фаза, чија реализација ќе почне на почетокот на следната година.
Ново на Сител
-

Барселона фаворит за потписот на Камбијасо
-

ЕУ: Засега нема знаци за недостиг од авионско гориво во Европа
-

Фицо: Изјавата на Маѓар дека Унгарија граничи со самата себе само ја зголемува напнатоста
-

При зголемен сообраќај, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци
-

МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз
-

Путин: Бесмислица е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина
-

Од квалификации до финале на Ролан Гарос
-

Песков: Ако Зеленски сака разговор, може да дојде во Москва
