-->
-->
Реал моќно против Сити
-->
Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија меѓунардониот куп на шампионите во Мелбурн, откако славеа над Манчестер Сити со 4:1. Претходно Реал одигра без голови со Рома, додека резултатот помеѓу Сити и Рома беше 2:2.Реал во целост го контролираше дуалот, а делумно работата на ’кралскиот клуб’ му ја олесни тренерот на противникот Мануел Пелегрини кој во централната дефанзивна линија играше со Камерон Хамфриз и Џејсон Денејер.
Првите два гола Реал ги постигна во 21. и 25.минута преку Карим Бензема и Кристијано Роналдо, а во претпоследната минута од првиот дел Пепе зголеми на 3:0.
Во судиското надополнување на времето Јаја Туре намали на 3:1 откако судијата по една сомнителна ситуација покажа на белата точка.
Конечниот резултат го постави Денис Черишјев во 73.минута од натпреварот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
