Реакција од Кабинетот на Иванов по изјавата на Живаљевиќ
Кабинетот на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечерва испрати реакција во врска со изјавата на Горан Живаљевиќ, дадена за српската новинска агенција Танјуг.
- Како што и претходно информиравме, посочениот советник на претседателот Иванов не е овластено лице за пријавување на движење и престој на странски преставници и во конкретниот случај постапил согласно безбедносните протоколи, за што изготвил и архивирал извештаи проследени до надлежните претпоставени. Согласно законите во Република Македонија, надлежен државен орган за комуникација со странски дипломатски преставници е Министерството за надворешни работи, додека посебна служба на Собранието на Република Македонија се грижи за редот во зградата, стои во реакцијата.
Кабинетот на Претседателот, како што наведува, не е надлежен, ниту овластен да дава дозвола за престој и одобрение за активности на странски преставници и дипломати во Собранието на Република Македонија.
- Изјавата на Живаљевиќ е спротивна на фактите. Македонските служби не побарале услуги од него. Тој по завршување на дејствијата и активностите во Собранието, испратил пораки до лица вработени во институциите, меѓу кои и посочениот советник, дека бил во Собранието со цел да обезбеди алиби и да ја намали одговорноста за своето постапување, пишува од Кабинетот на Иванов.
Фактите говорат, се додава во реакцијата, дека критичниот ден пред да влезе во Собранието на Република Македонија, амбасадорот на Република Србија, односно дипломатот не побарал писмена или усмена дозвола од овластено лице и надлежен државен орган, туку откако го завршил дејствието известил за своите активности, со што не може да ја намали одговорноста за неовластен престој во Собранието на Република Македонија.
- Во изминатиот период, Кабинетот на Претседателот реагираше на Амбасадорот на Република Србија да се прекине со злоупотреба на името на советникот, со цел да го користи како алиби и да одбегне одговорност за непрофесионалното однесување на дипломатот. Случајот со неовластениот престој на Живаљевиќ во Собранието на Република Македонија е затворен во постигнат договор меѓу службите, се посочува во реакција од Кабинетот на Иванов.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен