Реакција на ВМРО – ДПМНЕ на соопштението на СДСМ
Одродената и криминална власт на СДСМ е исплашена и мора да лаже бидејќи граѓаните ги препознаа нивните антидржавни политики.
Единствениот политичар во Европа кој што е аболициран за криминал своите партиски војници упорно ги принудува да пишуваат соопштенија со цел да ги изманипулираат граѓаните дека сите политичари се криминалци и нечесни како што е Зоран Заев.
Единствениот аболициран политичар Зоран Заев со ваквите лаги сака да го покрие невидениот грабеж, концесиите и лиценците кои во моментов си ги дели на Вице и Кочо.
Македонија не може да се надева на европска иднина без правната држава која СДСМ ја укина. Граѓаните на Република Македонија не може да се надеваат на влез во Европската Унија со руинирано здравство, економија и образование.
Со еден збор вратите на Европа се затворени додека Зоран Заев е премиер, а СДСМ е на власт.
Ново на Сител
-
“Спорните” договорци на Токсикологија незаконски добиле плата само со потписот на Бесија Иљази
-
Кога Клинички ќе добие нова компресорска станица?
-
Поскапува струјата?
-
Преглед на вестите од светот
-
Комисијата ги предложи Милошоски, Митрески и Бендевска да бидат нови потпретседатели на Собранието
-
УГД-Штип дел од Европската универзитетска алијанса
-
Герапетритис од Скопје: Важно е да се гарантира европскиот пат на земјите од регионот
-
Петар Арсовски - гостин во Тема на денот