Македонија
18. December 2020 - 19:27

Реакција на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје по повод Концептот на МОН

Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје во реакција на сите членови во Институтот бара МОН и Владата да го повлеча најавениот концепт за спојување на наставниот предмет историја со други предмети. 

Во дел од нивната реакција се вели дека концептот предвидува како што велат интегрирање на историјата со науки од сосема различен вид во миг кога македонската историја, јазик и идентитет воопшто се безмилосно нападнати и неосновано оспорени и однадвор.

- Во еден ваков несреќен момент, секое продолжување на замислената интеграција може да се протолкува како внатрешно институционално содејство со надворешни желби и притисоци, велат од Институтот.

Реагираат и од македонското географско друштво кое ги обединува професорите и наставниците по географија и бара предметот географија да остане како посебен.