Реакција на ДОМ за одлуката на Уставниот суд

ДОМ смета дека со одлуката на Уставниот суд за укинување на Законот од 2009 година, со која Претседателот на државата ќе може да помилува и лица обвинети за изборен криминал, за педофилија и силување, за трговија со дрога и за воени злосторства, целосно е нарушен процесот на демократизација и вербата на граѓаните во правната сигурност и во правниот систем, како темелни вредности на нашиот уставен поредок.
Од партијата сметаат дека уште еднаш се потврдува партизацијата на судството и партиското влијание врз државните институции, соспроведување политички диктат од еден центар.
ДОМ, како што се наведува во денешното соопштение, исто така, изразува почит спрема професионалното работење на судиите од Уставниот суд кои беа против донесувањето на ваквата одлука, како што се посочува, наметната од страна на власта, а во одбрана на криминалот.
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
