Разрешена в.д. директорката на НУ „Театар Комедија“

Магдалена Ризова Черних е разрешена од должноста на в.д. директорка на Националната установа „Театар Комедија“. Министерството за култура информира дека министерката Ирена Стефоска го донесе ова решение за престанок на должноста поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со Закон.
– Имено, од страна на раководното лице Магдалена Ризова Черних, вршител на должноста директор на Националната установа „Театар Комедија“ – Скопје, и покрај доставеното укажување од Министерството за култура за потреба од измени на подзаконскиот акт на Националната установа, до денот на донесување на решението за престанок на мандат, од страна на раководното лице и покрај надлежноста истото да се заврши во законски определен рок, не е направено усогласување на Статутот на Националната установа Театар Комедија – Скопје, согласно Меѓународната фраскатиева класификација, се вели во соопштението од Министерството.
Ризова Черних беше назначена за директорка на Театар Комедија на 24 ноември 2021 година, откако ја разреши тогашната директорка, Нора Шаќири-Марковиќ.
Ново на Сител
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
