Разрешен судијата Беџети

Разрешен е судијата кој се најде на американската црна листа. Енвер Беџети кој до вчера работеше како судија во скопскиот апелационен суд на црната листа се најде заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство заради вмешаност во корупција и примање мито.
Американските власти утврдиле дека двајцата подолго време влијаеле да не се суди предметот за масовното прислушување во кој обвинет беше поранешниот диркетор на УБК, Сашо Мујалков, поради што судскиот предмет застарел.
Постапката за утврдување одговорност за судијата Беџети ја почна Судскиот совет кој првин го казни парично, а откако се најде на црната листа беше и разрешен.
Според соопштението на Судскиот совет, Беџети бил разрешен во мај годинава, потоа се жалел пред Врховниот суд, но минатиот месец, највисoкиот суд одлучил дека Беџети повеќе нема да работи како судија.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка пред Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на бугарските интереси
-

СДСМ: Уставни измени веднаш
-

Академик Стојков, вистината против пропагандата
-

Пожарникарите во пресрет на летото подготвени
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
