Разоткриени: Еве како се краде нафта во Индија
Индиската полиција соопшти дека е откриена и разбиена криминална мрежа, во која цистерни за вода биле користени за крадење нафта.
Во соопштението се вели дека на овој начин биле украдени повеќе од 50 милиони литри нафта од нафтоносните полиња во индиската сојузна држава Раџастан.
Крадците и нивните помагачи оперирале шест години и дека за тоа време украле нафта во вредност од над седум милиони долари.
Засега се уапсени 25 лица, но полицијата најави нови апсења.
Цистерните биле користени за транспортирање вода од и за нафтоносното поле.
Во најголемиот дел од нив, крадците ги преградиле цистерните на пет посебни прегради и во две од нив, наместо вода ставале нафта.
Украдената нафта потоа им ја продавале на две локални фабрики, за кои полицијата тврди дека потоа ја препродавале низ цела Индија, главно на мали компании кои учествуваат во градење и поправање патишта.
Од 39 цистерни колку што се користеле за пренос на вода, полицијата заплени 33 во кои откри специјални комори, во кои се пренесувала украдената нафта.
Ново на Сител
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците