-->
-->
Разговарал со девојка па се нашол гол на Јутјуб
-->

Дваесет и шестгодишниот тетовец М.О, завчеравечер околу 22 часот и 30 минути пријавил уцена од непознато лице, со кое нецел час пред тоа, на една од социјалните мрежи разговарале на англиски јазик и користеле камери.
Непознатото женско лице, откако целосно се соблекло пред камера побарало и М.О. да се соблече пред неговата камера, а набрзо потоа му рекло дека неговиот видео-клип ќе го објави на „Јутјуб“ доколку ме му исплати 500 американски долари, информираат од СВР Тетово.
Откако М.О. не се согласил со тоа, со образложение дека моментно нема толку пари, за кусо време клипот веќе бил поставен на „Јутјуб“.
Полицијата превзема мерки и активности за расветлување на пријавеното и за откривање на уценувачот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
