-->
-->
Разбојници со запaлка успеаа да ограбат заложна куќа во Скопје
-->
Разбојници влегле во заложната куќа „Астра Кредити“ во Скопје, крадците со помош на запалка во форма на пиштол успеале да одземат вредни предмети и пари.
ОЈО поднесе обвинителен акт против две лицата кои се товарат за сторено кривично дело – разбојништво во заложна куќа.
-Обвинетите како соизвршители, по претходен договор, на 19-ти септември во заложната куќа „Астра кредити“, на улица „Лондонска“ во Скопје, одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Откако влегле во објектот, околу 11:50 часот, едниот од нив држејќи во рака пиштол, кој всушност е запалка „Pietro Bereta“, побарал од оштетениот – вработен во заложната куќа, да го отвори сефот и да ги извади парите. Оштетениот постапил по ваквата наредба, го отворил сефот и на обвинетите им дал 120.000 денари. По ова, вториот обвинет се приближил до сефот и го зел остатокот од 180.450 денари кои се наоѓале внатре. Двајцата обвинети потоа го напуштиле местото со мотор кој бил паркиран во близина на заложната куќа, соопшти Јавното обвинителство.
Од страна на надлежниот јавен обвинител до судијата е побарано п продолжување на претходно определениот притвор за двајцата обвинети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давјкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон