Разбиена меѓународна криминална група при обид да прошверцува 800 килограми кокаин
Во Атлантски Океан денеска шпанската полиција откри и заплени 800 килограми кокаин. Дрогата била превезувана со едрилица. Шпанската полиција уапси три лица, Мексиканец, Русин и Србин осомничени членови на меѓународна криминална група. Групата се товари дека подолг период кримчари големо количество кокаин од Јужна Америка во Европа.
На дел од пакетите со кокаин имало залепено фотографија од Гаврило Принцип. На едрилицата се пронајдни и компјутерска опрема, повеќе мобилни телефони и обемна докумeнтација.
Во исто време и српската полиција приведе две лица, а по едното се уште трага. Извршен е претрес на четири локации во Србија при што е запленета документација за уплата и исплата и трансфер на пари, нотеси, мемориски картички, мобилни телефони и опрема за неовластено аудио и видео снимање.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР