Разбиена меѓународна група вмешана во трговија со луѓе
Полицијата на Јужен Јоркшир во Велика Британија и романската национална полиција, поддржани од Европол и Евроџаст, вчера разбиле организирана криминална група која била вмешана во трговија со луѓе заради сексуална експлоатација.
На денот на акцијата, полицајци од Романија и Велика Британија извршиле претрес во 11 куќи (пет во Романија и шест во Велика Британија), а операцијата доведе до апсење на деветмина осомничени членови на група за организиран криминал во Велика Британија и до притвор на три лица во Романија, соопшти Европол.
Полицијата идентификувала осум потенцијални жртви на трговија со луѓе, сите жени на возраст меѓу 18 и 30 години.
Криминалната група, која е активна од 2017 година, ги регрутирала своите жртви од економски загрозените региони во Романија. На жртвите им била ветувана значителна материјална добивка.
Најчестиот метод за регрутирање бил методот „љубовник“, со кој се обезбедува емотивна зависност на младите жени од членови на криминална група. Конкретно, многу членови на групата всушност биле во врска со сексуално искористуваните жртви.
Ново на Сител
-
Реџепи: Јавно приватно партнерство во општините за најниска можна цена за гас
-
Разбојници со заплка успеаа да ограбат заложна куќа во Скопје
-
Следната година Македонија ќе стане членка на Организацијата за црноморска економска соработка
-
Ангеловска: Мој ДДВ#Моја награда стартува за два дена, за граѓаните трикратна корист
-
Реакција на родителите: Децата во домот „Мирка Гинова“ во Битола ни се смрзнуваат на 15 степени
-
Мицкоски: Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе економски бум
-
Провален стан на пратеничка на СДСМ во Скопје
-
Пендаровски: Предложените дипломати се професионално вработени во МНР