Македонија
2. јуни 2021 - 9:15

Разбиена група која криумчарела мигранти: Уапсени 6 лица - пронајдена и дрога

Најмалку шест лица се уапсени во големата акција за апсење криумчари на мигранти, што денеска ја спроведува полицијата. Во акцијата, како што велат извори од истрагата, разбиена е организирана група.

Акцијата за разбивање на група на криумчари на мигранти се спроведува во Скопје, Штип, Велес, и Валандово.

Според изворите од истрагата кај криумчарите е пронајдена и дрога.

Од МВР потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.