Расте во сечиј двор, а еден цвет може да помогне во борба против тешка болест
Во многу земји ширум светот овој свет е симбол за надеж во борба против туморот, но сега научниците велат дека токму овој чест цвет во скоро сите дворови и градини може да игра поконкретна улога во борба против оваа болест. Станува збор за нарцисот.
Имено, истражување спроведено во белгијскиот универзитет „Université libre de Bruxelles“ укажало дека алкалодите од нарцисот може да го блокираат производството на протеини кои туморите ги користат за да растат повеќе.
Станува збор за alkaloid hemantamin, терапевтски молекул од природно потекло. Во групата вакви молекули спаѓаат и морфиумот, кининот и ефедринот. Овој алкалоид поттикнува стабилизација на протеините, па доколку и додатни истражувања утврдат, може да елиминира и ќелии на тумор со тоа што би ги врзал со рибозоми кои се одговорни за синтеза на протеините.
И самите научници велат дека откритието е сјајно, но доколу ви падне на памет сами да се обидете да користите нарцис во здравствени цели, размислете уште еднаш - доколку неговото стебло го џвакате и јадете, доаѓа до осип и вртоглавици.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи