Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници

Граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница, кај Дебар, станува се пофреквентен, што го потврдува и податокот дека само во изминатиот викенд минале 26 137 патници.
- Гледано одделно, во саботата регистрирани се 15 290 патници, при што 10 229 се странски, од нив на влез 5339 и на излез 4890 патници, додека 5061 се македонски државјани, на влез 2041 и на излез 3020 патници. Во неделата регистрирани се 10847 патници, од нив 7148 се странци, при тоа на влез 3726 и на излез 3422, додека 3699 се македонски државјани, од нив 1625 на влез и 2074 на излез, изјави за МИА, Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.
Кога станува збор за странски државјани, тоа главно се албански граѓани, од пограничниот регион кои редовно во Дебар доаѓаат за да набават гориво, кое, како што самите велат, е со пониска цена но и со повисок квалитет. Посебно нив ги има во саботните денови, што потврдува и бројката, кога во Дебар е пазарен ден, но доаѓаат и во посета на туристички места во поширокиот регион. Секако дел се странци кои одат во посета на Албанија.
Што се однесува до македонските државјани тие главно заминуваат на албанското крајбрежје, посебно во Шенѓин и Драч.
На преминот на македонска страна функционираат четири шалтери, што условува побрз проток на патниците, додека, според албанските медиуми, на албанска страна само два, што создава колони со возила, поради што од албанските власти бараат преземање соодветни мерки.
Во меѓувреме по македонската и албанската влада го изгласаа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“, кој по преминот „Ќафасан“, кај Струга треба да профункционира и на овој граничен премин.
МИА
Ново на Сител
-

Црни прогнози по двата земјотреса во Венецуела - се стравува дека има илјадници жртви
-

Тесла ќе вработи дополнителни 1.000 работници во својата единствена европска фабрика
-

Славенички и концертен спектакл – 20 години музичка кариера на Јордан Митев
-

Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон!
-

Анализи: Сообраќајот низ Ормуската Теснина се враќа во нормала
-

Бели волци ископале дупки и избегале од живеалиштата во Зоолошка, усмртиле четири кенгури и ему птици
-

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туризам
-

Родителите на жртвите од „Пулс“ ја напуштија судницата по барањето за изземање на обвинителката Сарамандова
