Расте бројот на жртви во циклонот во Мадагаскар
Најмалку 18 лица загинаа, а четворица се повредени на Мадагаскар откако тропскиот циклон го погоди северниот дел на овој остров во Индискиот Океан, соопштија денеска локалните власти.
Циклонот Гамане го погоди северниот дел на Мадагаскар пред два дена и сега е значително ослабен, но претходно остави зад себе пустош, предизвикувајќи сериозни поплави, делумно потопување цели села, лизгање на земјиштето и раселување на населението, соопшти Националниот центар за управување со катастрофи.
Според центарот, околу 47.000 луѓе се раселени или на друг начин погодени од циклонот, а три лица се повредени по активирање на свлечиште.
Налетите на ветрот достигнаа брзина од 210 километри на час, а водата речиси стигна до покривот на некои куќи.
Мадагаскар од почетокот на 2022 година го погодија најмалку 10 моќни тропски циклони и сега се соочува со криза со глад во некои области поради негативните ефекти од екстремните временски услови, соопшти Светската програма за храна, агенција на Обединетите нации.
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче