Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Србија
Загрижувачки податоци пристигнуваат од Србија каде е регистриран зголемен број на случаи на заболени со Ковид-19. Во изминатите две недели има зголемен број на тестирања на дневно ниво, од кои речиси 20% се позитивни што ги иницира здравствените власти да преземат заштитни мерки.
Во текот на идната недела во Србија ќе се состане Работната група за следење на ситуацијата со Ковид-19, најавија српските здравствени власти откако во државата е регистриран зголемен број заболени од тој вирус.
Во изјава за РТС, лекарката Снежана Јовановиќ од лабораторијата „Ватрено око“ нагласи дека во изминатите две недели има зголемен број на тестирања за коронавирусот на дневно ниво.Според неа загрижува податокот дека околу 20% од примероците се позитивни.
Српскиот Институт за онкологија и радиологија од петокот забрани посети во таа установа поради зголемен број на заболени од коронавирусот, јавија белградските медиуми.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Предлогот за именување на Трајко Славевски за гувернер пред пратениците
-
Предлог за Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство на пленарна седница
-
Ѓурчевски: Сложено е да се „исчисти“ целото скопско подземје
-
Прес-конфецернција на премиерот Христијан Мицкоски
-
Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака
-
СДСМ бара од ДКСК итна постапка за тендерот во МВР
-
Преглед на вестите од светот