Раст од 5,6 проценти на извозот во првите седум месеци од годинава

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари - јули годинава изнесува 2.710.526.000 долари, и бележи пораст од 5,6 проценти во однос на истиот период лани.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, вредноста на увeзената стока, во првите седум месеци од годинава изнесува 3.821.115.000 долари, што е за 4,4 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Стоковната размена изнесувала 6.531.641.000 денари. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули годинава изнесува 1.110.590.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз, изнесува 71 провент.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, во првите седум месеци годинава Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.
Ново на Сител
-

Шеснаесетгодишници нападнале врсник и му се заканиле со автоматска пушка
-

Угостителските услуги за една година поскапеле за 2,8 отсто
-

Арагчи: Иран ќе прифати само „праведен и сеопфатен“ договор со САД
-

Мицкоски: Годинава нема избори, таа е реформска и година на консолидација
-

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ нема црвени линии
-

Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска
-

На Ѓурѓовден сакал да ја ограби црквата Свети Геогриј – завршил заглавен на ограда
-

Џон Малкович стана хрватски државјанин
