Бизнис
29. January 2016 - 13:34

Раст на бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во декември 2015 година во однос на декември 2014 година изнесува 1,7 отсто, додека растот на ниво на цела година е 1,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2015 година, во однос на  декември 2014 година, бележи опаѓање од 0,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е на исто ниво.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,5 отсто и Капитални производи за 16,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 4,8 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7 отсто и Енергија за 0,5 отсто.