Раст на БДП од 3 проценти во третиот квартал

Првпат после 7 години пропаст и стагнација на македонската економија, конечно државата бележи раст на БДП од 3 проценти во третото тромесечје од 2024 година. Како Владата ветивме фуриозен почеток и домаќинско работење. Тоа се реализира. Доаѓаат првите резултати, според Државниот завод за статистика, раст на бруто домашниот производ во третото тромесечје односно месеците јули, август и септември од 3 проценти, наведуваат во соопштение денеска од Владата.
Раст на БДП од 3 проценти за македонската економија, велат дека е највисок споредбено со земјите од регионот и Европа. Споредбено само пет земји членки на ЕУ имаат повисока стапка на раст во третиот квартал, додека пак во регионот помала стапка на раст во третиот квартал има две земји членки на ЕУ, тоа се Грција и Бугарија од 2,4 проценти. Романија е во негативно салдо -0,3 проценти, додека пак Словенија има 1 процент. Негативни се стапките на раст на Естонија, Австрија, Латвија, Германија и други држави.
- Како Влада очекуваме раст на БДП и во четвртиот квартал со што на годишно ниво би се доближиле од 3 проценти, што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти на Светска Банка. Како Влада преземаме активности и насочени сме кон реализација на капитални инвестиции, како и привлекување на странски директни инвестиции се со цел да ја придвижиме економијата и да поттикнеме економскиот развој. Ветивме и се обврзавме како Владата дека ќе ја трансформираме Македонија напред, стои во сопштението.
Овие бројки, дополнуваат, се показател дека Владата работи посветено, одговорно и ги реализира ветувањата дадени пред граѓаните.
- Економијата е најважниот сегмент на работата на Владата. Продолжуваме посветено!, соопшти владината прес-служба.
Ново на Сител
-

НБА: Лејкерс закажа полуфиналната пресметка со Оклахома
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
-

Арагчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана, Техеран отворен за дипломатија
-

Гостиварец тешко повреден при пад од четирицикл во шумски предел
-

Повлекувањето на американските сили од Германија покажува дека Европа мора да преземе поголема одговорност за својата одбрана, коментира Берлин
-

Трамп вели дека морнарицата на САД дејствува „како пирати“
-

Алиу: Телемедицината ќе ги поврзе лекарите од дијаспората со пациентите во земјата
-

Трамп потпиша нови санкции против Куба
