Распродажба на запленет имот: Луксузни куќи, станови и возила нудат банките
Македонските комерцијални банки објавија огласи за распродажба на недвижен и движен имот запленет врз основа на ненаплатени кредити.
Така, Еуростандард банка продава лукзузна куќа во населба Водно-резиденцијален дел со дворно место од 1.357м2 од кои 353м2 земјиште под објект. Вкупна внатрешна површина од 700 м2 и 130м2 помошни објекти. Цела листа имот за продажба ТУКА.
НЛБ банка на продажба преку извршител нуди куќи, станови и деловни објекти. Така се продава куќа од 117 квадрати и двор од над 600 квадрати во населба Пинтија за помалку од 60.000 евра, куќа од 124 квадрати во Добри дол за 1,7 милиони денари, куќа од 61 квадрат на улица Илинденска во Карпош за 3,1 милиони денари, семејна куќа во скопската населба Бутел од 415 квадрати и двор од 365 квадрати за 152.000 евра. Цела листа ТУКА.
Стопанска банка Скопје, освен недвижнини нуди на продажба 50 камиони, товарно возило „Пежо боксер“ и други машини и погони. Цела листа ТУКА.
Ново на Сител
-
По барањето од ОЈО Скопје, одложена закажаната расправа за убиството на Вања и Панче
-
Мицкоски: Скопје стои како симбол на издржливост и солидарност
-
Николоски: Градежните работи на експресниот пат Градско - Прилеп се засилуваат од август, до крај на годината ќе се вози по нов пат од Градско до Дреново
-
Собраниска делегација положи цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје
-
Шефот на албанската дипломатија, Хасани кандидат за генерален секретар на ОБСЕ
-
Се возеле со мотори и АТВ во заштитениот дел на Шар Планина, покрената постапка
-
Во следните денови постепено зголемување на температурата
-
Затворен сообраќајот кај Страцин