-->
-->
Распишан оглас за идејни решенија за градскиот плоштад во Крива Паланка
-->
Локалната самопурава на општина Крива Паланка распиша оглас за идејно ре[ение за уредување и реконструкција на централниот градски плоштад.
Најдобрите три проекти ќе бидат наградени, по што општината ќе распише тендер за изработка на основен проект чијашто реализација ќе значи комплетна промена на ликот на градот.
- Главниот плоштад „ВМРО“ се наоѓа во централното градско подрачје. Размислувавме dа направиме нешто што ќе биде карактеристично и препознатливо за нашиот грaд, кое ќе му дава убав лик на централното градско подрачје, а истовремено ќе биде модерно, изјави гардоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Наглaси дека се очекува повеќе архитекти да ги достават своите предлог проекти за уредување на плоштадот.
- Предвидено е најдобрите три решенија да бидат наградени со суми од 60.000 денари за најдобриот, понатаму за второ и трето избраните по 40.000 односно 20.000 денари со цел да прибереме што подобри и практични идејни решенија и да предизвикаме поголем интерес кај граѓаните. Целта е да направиме еден убав градски плоштад, рече Алексовски.
Со самото учество архитектите се откажуваат од авторските права на проектите, а комисија составена од архитекти и градежни инженери ќе одлучува кои се најдобрите три идејни решенија кои понатаму ќе бидат предмет на јавна набавка за изработка на основен проект.
- Ние како град имаме голем број архитекти, кои освен во оптшината, работат и творат низ државата и пошироко. Тие се докажани во работата, голем број се реномирани дејци ,но претспоставувам, сите ќе бидат горди да учествуваат на конкурсот, додаде Алексовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите